Сто ученици од 6 различни франкофонски градови учествуваа на националната франкофонска манифестација под мотото Франкофонијата ја истражува Северна Македонија која се одржа на 31.03.2023 (петок) во Центарот за култура – Крива Паланка со почеток од 17 часот..
Нашите ученици се претставија со скечот:
Дипломиран без идеја!
Тимот го предводеа проф.Мимоза Ивановска и проф. Сашка Младеновска Учество земаа следниве ученици од прва и трета година: 1. Андреј Тасевски 2. Тони Димитровски 3. Горана Симонова 4. Лара Стевановска 5. Симона Стојановска