На 30 ноември 2019 година на Филолошкиот факултет “Блаже Конески” во Скопје се одржа државниот натпревар по правопис/спелување по предметот француски јазик на кој учествуваа учениците од втора година од нашата држава, а истите претходно постигнаа солидни резултати на регионалните натпревари.
На државниот натпревар учествуваа вкупно 45 ученици од средните училишта меѓу кои и три ученички од СОУ Ѓорче Петров – Крива Паланка: Марија Стефановска, Ангела Ангеловска и Теона Величковка под менторство на професор Елена Ѓорѓиевска .
Учениците од нашето училиште на регионалниот натпревар во Куманово освија 1 и 2 место, а на државниот натпревар освоија благодарници.
Честитки за постигнатите резултати и уште поголеми успеси во иднина.