Во завршна фаза е ,,Дизајн на учење на 21 век”- обука за професорите од нашето училиште.
Дваесет и двајца професори се дел од обуката за Мајкрософт сертифициран едукатор, организирана во рамки на проект на Министерството за образование на Република Македонија. – Обуката е насловена ,,Дизајн на учење на 21 век” и е овозможена од страна на МОН во рамки на проектот финансиран од Светската банка, согласно мерка три за меки мерки и вештини. Со обуката се опфатени 22 професори најголем процент од електро-техничката струка , но и од гимназиското образование,кои пројавија интерес за следење на петдневната обука за која по завршното полагање ќе се стекнат со сертификат. Обуката ја спроведуваат едукатори од Академијата ,,СЕМОС ” – Скопје, а истата вклучува: запознавање на вештините на 21 век, поим ” вешта комуникација”, креирање знаења, саморегулација, решавање на реални проблеми и иновации, употреба на информатичко- компјутерска технологија во учењето и вклучување на дизајнот на учење на 21 век во пракса.