Обука од страна на Центарот за стручно образование во просториите на училиштето, каде ни беа дадени насоки за планирање на воспитно-образовната работа на наставниците по стручни предмети .Проектот за развивање вештини и поддршка на иновации,како и модернизација на техничко образование во средните стручни училишта.На оваа обука ни беа дадени насоки во кој правец ќе се движат реформите кои официјално ќе почнат да функционираат од следната учебна година.На обуката беа присутни професори од сите струки по еден претставник:Горан Тричковски,Борјан Стојчевски,Александар Јакимовски,Дане Петровски,педагогот Живко Ристовски и помошник-директорот Катерина Митовска-Наковска.
Обуката траеше два дена и заврши на 22.08.2018 год.