Ден на бројот Пи
14 март е прогласен за ден на бројот Пи и се одбележува на разни начини ширум светот.
Во нашето училиште СОУ ,,Ѓорче Петров”, на часовите по математика учениците презентираа интересни факти за бројот Пи и решаваа задачи од планиметрија и тригонометрија во кои се употребува овој број. На часовите по информатика се изработуваа програми за дигитално пресметување на вредноста на бројот Пи.
Учениците од две паралелки креативно ја украсија таблата со преубавиот симбол на бројот. На учениците часовите им беа забавни и несекојдневни.
- Published in Математика, Останато
Регионален натпревар по математика
На ден 2.3.2024 г. се одржа регионален натпревар по математика во нашето училиште.
На натпреварот учествуваа 25 ученика: 16 ученика од СОУ „Гоце Делчев“ – Куманово, 2 ученика од СОУ „Кочо Рацин“ – Свети Николе, 1 ученик од СОУ „Наум Наумовски – Борче“ – Пробиштип и 7 ученика од нашето училиште.
Нашите ученици ги постигнаа следниве резултати:
Прва година: Сара Стојановска – ментор Зорица Ристовска, II награда
Втора година: Мартина Ѓорѓиевска- ментор Габриела Стаменковска, III награда Вања Костовска – ментор Габриела Стаменковска, III награда
Сандра Колевска – ментор Габриела Стаменковска, III награда
Димитар Стојановски – ментор Габриела Стаменковска, III награда
Четврта година:
Горана Симонова – ментор Сашка Младеновска, III награда
Наум Стојановски – ментор Сашка Младеновска, III награда.
Делегат на натпреварот од СММ беше Делчо Лешковски.
Седумте ученика од нашето училиште обезбедија учество на Државен натпревар по математика, што ќе се одржи во месец април во Скопје.
Им посакуваме успех!
- Published in Математика, Останато
Општински натпревар по математика
На општинскиот натпревар по математика кој се одржа на 2.2.2024г. под менторство на професорките: Зорица Ристовска, Габриела Стаменковска и Сашка Младеновска година, учествуваа следниве ученици:
Сите ученици се пласираа на регионалниот натпревар.
Им посакуваме успех и во следните фази од натпреварот!
- Published in Математика, Останато
Одбележување на меѓународниот ден на математиката 14.03 -Ден на бројот ПИ
На ден 14.03.2023 година во СОУ Ѓорче Петров се одржа настан во чест на одбележување на Меѓународниот ден на математиката ДЕН НА БРОЈОТ ПИ.
Настанот го организираа членовите на активот по математика и информатика, училишната заедница како и учениците од угостителско-туристичката струка.
Водител и одговорен ученик на целата манифестација беше ученичката Горана Симонова.
- Организаторите имаа кратка презентација за значењето, вредноста и примената на бројот π.
- Се одржа и квиз во кој што однапред пријавените тимови имаа право да одбираат прашања од типот на логички задачи поврзани со секојдневниот живот .
Комисијата составена од членови на активот по математика и информатика врз основаа на освоените поени ги прогласи победничките тимови ученици од паралелка 3-2 како победници во смената прва и трета година и ученици од паралелката 4-2 победници од смена втора и четврта година .
На победничките тимови директорката Елена Ѓорѓиевска и подели награди.
- Се читаа интересни досетки и шеги поврзани со математиката
- Учениците од угостителско-туристичката струка подготвија пити и колачиња на кои беше нацртан симболот π.
Благодарност до сите учесници кои дадоа придонес за успешно одбележување на овој ден!
- Published in Математика
Општински натпревар по математика
На 04.02.2023 год. во просториите на нашето училиште се одржа општински натпревар по математика за средно образование. На овој натпревар учествуваа 12 ученици и со освоените награди, обезбедија учество на регионалениот натпревар, кој ќе се одржи на 04.03.2023 год.
Честитки ученици Ви посакуваме успех и понатаму!
- Published in Математика
Регионален натпревар по математика
- Published in Математика, Останато
Општински натпревар по математика
- Published in Математика
Успеси на регионалниот натпревар по математика за нашите средношколци
- Published in Математика, Останато
Општински натпревар по математика
- Published in Математика, Останато
Посета на нашето училиште од тим на наставници од ССОУ „Моша Пијаде“ Тетово
На ден 21.08.2018 година тим од наставници од ССОУ Моша Пијаде Тетово беа во неофицијална посета и разгледување на нашето училиште. (more…)
- Published in Македонски јазик и литература, Математика, Останато