На 03 и 04 .12.2019, во спортската сала на основното општинско училиште “Илинден” во Крива Паланка се одиграа зонските училишни спортски натпревари во кошарка за средношколци. На турнирот во машка конкуренција учествуваа екипите на средното училиште”Ѓорче Петров” од Крива Паланка, СОУ “Кочо Рацин” од Свети Николе и гимназијата “Гоце Делчев” од Куманово. Во женска конкуренција учествуваа екипите од СОУ “Наум Наумовски -Борче” – Пробиштип, СОУ ” Ѓорче Петров” – Крива Паланка и екипа од Средно Економско училиште – Куманово.
Домаќин и организатор на зонските училишни натпревари е општински сојуз на училишен спорт Крива Паланка.