На регионалниот натпревар кој се одржа на 5 април 2022г. во Велес нашата женска кошаркарска екипа го освои првото место и успеа да се пласира на „Гимназијада“ 2022 која ќе се одржи во Струмица. Кошаркарките одиграа два натпревара. Во првиот натпревар против екипата на Велес извојуваа победа од 61:21, додека во финалниот, вториот натпревар ја победија екипата од Делчево 55:39.
„Овие девојчиња се гордост на училиштето и една од најуспешните генерации во кошарката“ – изјави наставникот Ведран Белешковски.
Им посакуваме уште многу успеси на идните натпревари!