Денес во нашето училиште присуствуваа претставници од Семос Едукација Марко Серафимовски и Борјанчо Мицевски, кои на наставниците им ги објаснија можностите за примена на современи ИТ технологии во воспитно-образовниот процес.
Освен тоа беа презентирани и голем број на отворени проекти во кои можат да бидат вклучени наставници и ученици.