На 23.02.2022 година во просториите на Општина Крива Паланка се одржа средба помеѓу локалната самоуправа, бизнис секторот и средното општинско училиште. Средбата се организира во рамки на проектот „УЧИ ПАМЕТНО, РАБОТИ СТРУЧНО“ во организација на Министерство за образование и наука на РС Македонија со поддршка на Швајцарската амбасада на РС Македонија.
Проектот има за цел преку социјален дијалог да ги истражи реалните потреби на бизнис секторот со што се овозможува креирање на образовани кадри според потребите на пазарот на трудот.
Нашeто училиште е успешен пример за воспоставување на дуално образование. Моментално во стручното образование четири од пет паралеки се дуални со што се овозможува поголема пракса на учениците.
Заменик министерот при МОН – Алиу како и останати претставници од МОН, ЦСОО и Стопанската комора по средбата во Општината имаа можност и одблиску да ги видат условите во кои учат нашите ученици.
Се разговараше за унапредување на квалитетот на практичната настава како и за можностите за стипендирање на најдобрите ученици.