Здружението ЛЕАД традиционално и оваа година организираше камп за иновации.
Нашите Rebooters -креативни, амбициозни и подготвени да направат промени со еко столче!
Тимот ја намалува потрошувачката на нафта во училиштето за 30% со помош на инфрацрвени дигитални панели. Вградените сензори за температура и притисок од панелите поставени на училишни столчиња ја оптимизираат употребата на енергија за затоплување на просторијата, што пак позитивно се одразува на буџетот на училиштето. Ефикасното затоплување е клучно за еден ученик, а со стратешкото еколошко користење на инфрацрвеното зрачење се постигнува токму тоа.
Тимот во состав:
1. Горана Симонова III-3
2. Ева Симонова II-2
3. Божидар Јанковски II-6
4. Стефан Величковски I-6
5. Јован Јакимовски I-6
6. Бојан Митовски III-7
беше менториран од страна на проф. Драган Китановски.
Успеаа да се пласираaт во топ 10 финалисти кои во склоп на UPSHIFT Bootcamp-от активно работеа на развој на иновативни дигитални решенија поврзани со заштита на животната средина во четирите ВОДА, ВОЗДУХ, ЕНЕРГИЈА и ПОЧВА.
10те тимови ги презентираа нивните иновативни решенија пред жири комисијата во Хотел Дрим-Струга.
Со оваа уникатна идеја Rebooters се пласираа во топ 5 и освоија 120 000 денари да ја спроведат нивната идеја на дело.
Честитки за целиот тим! Се гордееме со успесите на нашите иновативни и креативни ученици. Браво!