Вонредните ученици се лица кои образованието го стекнуваат со самообразование, по пат на полагање испити за одреден предмет и програма во училиштето.
Како вонреден ученик може да се запише лице кое исполнува еден од следните услови:
- да е постар од 17 год.
- да е на боледување подолг период;
- да е во работен однос и
- да го изгубил статусот на редовен ученик по било кој основ.
Во зависност од претходно завршеното образование во нашето училиште вонредното образование може да се реализира на неколку начина :
- За ученици кои имаат завршено основно образование или го имаат прекинато средното образование од било кои причини важи класичниот начин на вонредно полагање. За упис во III-ти или IV-ти степен кандидатот треба да уплати:
- Денарска противвредност од 50 евра за упис на година на жиро сметката на училиштето
- 510 ден за полагање на испит на жиро сметката на училиштето
- 50 ден административна такса на Буџетската сметка за пријава за упис и за пријава за полагање
2. За ученици кои имаат завршено III степен од одредени образовни профили ,односно ССО со тригодишно траење овозможено е продолжување на образованието во IV степен ,односно во ССО со четиригодишно траење по вертикална проодност по посебни програми одобрени од МОН .Вертикалната проодност вклучува 5 ( пет) испити , а потоа кандидатот продолжува во 4 ( четврта) година од соодветната струка.
За упис во вертикална проодност кандидатот треба да уплати :
- 2500 ден за упис на жиро – сметката на училиштето
- 300 ден за полагање на општообразовен предмет на жиро – сметката на училиштето
- 1000 ден за полагање на стручен предмет на жиро – сметката на училиштето
- 50 ден за административна такса на Буџетската сметка за пријава за упис и пријава за полагање на испити
Потребни документи за вонреден упис
- Оригинал свидетелства и диплома од претходно завршено образование
- Извод од матичната книга на родените на увид
- Барање за вонреден упис – кај секретарот во училиштето
- Уплатница за вонреден упис
Во текот на една учебна година училиштето организира 9 испитни сесии и тоа во следните месеци: октомври, ноември, декември, февруари, март, април, мај, јуни и август.
Кандидатите во текот на една сесија можат да пријават максимум 3 испита.
Пријавувањето е на 15 ти во месецот кога има испитна сесија, а ако е неработен ден првиот нареден работен ден. Во јунска и августовската испитна сесија заедно со редновните ученици кои се упатени на поправен испит.
Се објавува распоред за полагање на испити на огласна табла кој ќе биде објавен и на веб – страната на училиштето.
Додека кандидатот не заврши со полагање од една наставна година не може да пријави и полага предмети од друга наставна година.
Пријавувањето на испитите се врши во педагошката служба во училиштето со претходно извршена уплата за предметите и административна такса, со пополнување на пријава и записници (кои ги добиваат од училиштето) за испитите кои кандидатот планира да ги полага.
Струки и образовни профили во кои кандидатите можат вонредно да се школуваат:
Во училиштето се образуваат и оспособуваат кадри за следниве профили:
Во рамките на електротехничката струка постојат следниве образовни профили со четиригодишно траење:
- Електротехничар за компјутерска техника и автоматика
Во рамките на машинската струка постојат следниве образовни профили со четиригодишно образование:
- Машински техничар
со тригодишно образование:
- Автомеханичар
Во рамките на угостителско-туристичката струка со четиригодишно образование:
постои образовниот профил:
- Хотелско – туристички техничар
со тригодишно образование:
- Готвач