Во рамките на угостителско – туристичката струка со тригодишно образование постои образовниот профил:
Учениците кои ќе се запишат на образовниот профил келнер – готвач ќе се здобијат со знаење од областа на географијата, информатиката, математиката и од областа на останатите општообразовни предмети. Учениците се здобиваат и со стручно знаење од областа на хигиената, готварството, храната и пијалоците, психологијата, декорацијата во готварството, посложувањето. Учениците имаат и практична настава.
Времетраење на образовниот профил: 3 години
Број на ученици: 34
Број на паралелки: 1
Минимум потребни поени: 30
Четиригодишно образование:
- хотелско-туристички техничар
Учениците од образовните профили келнер и готвач можност за вработување ќе најдат во сите угостителски објекти (ресторани, мензи, кафулиња, хотели и др.).