Со тригодишно образование:

Автомеханичар

Што изучува:

Овој образовен профил ги подготвува учениците за прегледување, утврдување и отстранување на неисправности кај моторот, електричните уреди и останатите системи кај возилото. Дијагностицирање на дефектите кај електронските компоненти, како и организирање на работата во работилница.

Можности за вработување:

Сервиси за лесни и тешки товарни возила, автосалони, продавници за резервни делови, контролори во станица за технички преглед, служби за помош и информации на патишатата и сервиси.

Можности за продолжување на образованието:

Сродни профили на исто ниво (профили од градежна и електротехничка струка) и на сродните профили на повисоко ниво (машинско-енергетски техничар, машински техничар за производство, специјалистичко образование од машинска и електротехничка струка).

Времетраење на образовниот профил: 4 години

Потребни поени за запишување: 30

Број на ученици: 34

Број на паралелки: 1

Со четиригодишно образование:

Машински техничар

По завршувањето на училиштето ученикот е способен за следниве работни задачи:

  • одржување и поправка на машини и системи;
  • монтирање и демонтирање делови и групи од елементи;
  • лоцирање и отстранување неисправности;
  • пролагодување, преправање и проширување погонски системи;
  • изработување резервни делови и конструкциски елементи.

Времетраење на образовниот профил: 4 години

Потребни поени за запишување: 45

Број на ученици: 34

Број на паралелки: 1