ДОКУМЕНТИ ЗА УПИС ВО I ГОДИНА

За запишување на учениците во I година потребни се следните документи:

  • Пријава за запишување (пријавата ја подигате во Училиштето)
  • Оригинални свидетелства од VI до IX одделение;
  • Оригинален извод од матична книга на родените (без оглед на датумот на издавање)

Кон пријавата учениците можат да приложат: Дипломи од меѓународни и државни натпревари (доколку ученикот има освоено);од предметите значајни за гимназиско образование и тоа: Македонски јазик и литература, странски јазик, математика и историја.

Дипломите од меѓународните и државните натпревари се земаат во обзир само ако натпреварите се организирани од друштва или асоцијации регистрирани на државно ниво (награди, дипломи и призананија од екипни натпревари и натпреварот Кенгур не се земаат во предвид) Оглас за запишување во учебна 2017-2018.

Времетраење на образовниот профил: 4 години
Број на ученици: 180
Број на паралелки: 5
Минимум потребни поени: 60