Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ достави 15 примероци од „КОМПАС- Прирачник за образование на малдите луѓе за човековите права“. Прирачникот е преведен на македонски јазик и е во издание на Советот на Европа, Стразбур, Франција.
Компас е прирачник кој на наставниците, младинските лидери, едукатори, волонтери им нуди конкретни идеи и практични активности да ги вклучат и мотивираат малдите да придонесат за развивање на образованието во областа на човековите права и европската димензија на граѓанско општество.