Амбасадата на САД преку Американските Катчиња донираше книги и списанија за училишната библиотека. Донацијата е резултат на остварената соработка помеѓу училиштето и Амбасадата која започна во месец февруари со посетата на Џенифер Р. Литлџон, заменик шеф на мисија во Амбасадата на САД во Скопје.
Благодарност до Амбасадата на САД и продолжуваме со соработката и уште многу нови проекти.