На ден 2 ноември нашето училиште се претстави и учествуваше со 40 ученици во виртуелна работилница од новата сезона на едукативната активност „Имам став “, наменета за ученици од средно образование, а во организација на Парламентарниот институт на Собранието на Република Северна Македонија. Едукативната активност „Имам став“ претставува симулација на процесот на разгледување предлог – закон во рамките на Собранието.
Седум училишта учествува во новата сезона, која има компетитивен карактер. Нашите ученици под менторство на професорките Катерина М.Наковска, Елена Јакимовска и Лиле Стојановска, беа соодветно подготвени и покажаа извонредни дебатерски способности третирајќи три актуелни теми и истите ги бранеа со аргументи со цел изнаоѓање на решение, кое ќе биде прифатено од мнозинство на учесници.