Во периодот од 23-31.10.2024 година во Бахреин се одржа светската Гимназијада, на која учество зедоа 69 земји од пет континенти со вкупно 5453 учесници. Чест и задоволство ни беше што во тимот на нашата држава се најде нашата женска кошаркарска екипа како државен првак за сезона 2024 под менторство на професорот Ведран Белешковски.
Исто така пингпонгарот Александар Јакимовски како државен првак во пинг-понг беше дел од тимот кој ги бранеше боите на нашата држава во Бахреин.