Учениците од прва година имаа можност да проследат предавање за последиците од користење на пиротехнички средства. Предавањето е организирано од Универзитетска клиника за пластична и реконструктивна хирургија заедно со Европската медицинска студентска асоцијација ЕМСА и истото денес во нашето училиште беше реализирано од страна на директорката д-р. Софија Пејкова , спец.д-р. Благоја Србов и студентките од Медицинскиот факултетот, Марија Крстевска и Елиза Жоговска.
Се надеваме дека предавањето допре до нашите ученици и заеднички ќе ги спречиме сите несакани повреди и последици.