Учениците од трета година, oпштествено хуманистичко подрачје од СОУ,,Ѓорче Петров” во текот на месец мај учествуваа во Книжевната школа чиј предавач беше универзитетскиот професор на филолошкиот факултет Венко Андоновски.
На крајот учениците имаа можност да конкурираат во категориите: поезија, проза, драма и книжевен есеј. Нашите ученици од 3-4 паралелка Викторија Денковска и Андреј Стојановски под менторство на проф. по македонски јазик и литература Лиле Стојановска освоија златни и сребрени Книжевни пера.