

Во рамките на Еразмус + проектот AI & SUSTAINABILITY IN VET EDUCATION, благодарение на училиштето СЕТУ „Михајло Пупин“ од Скопје, потпишавме договори за донација, со кои електротехничката струка од нашето училиште се збогати со нова опрема од најнова технологија.
Донацијата опфаќа пакети со Raspberry Pi 5 микрокомпјутери и соодветна опрема – сензори, актуатори, Raspberry камери, ESP32-S3 контролери, Micro SDHC камери итн. Учениците од нашето училиште ќе изработуваат проекти за вештачка интелегенција и компјутерска визија, за одржлив развој и со истите ќе учествуваат на натпревар на Европско ниво.
Координатор на проектот е Каунас универзитетот од Литванија, а другите партнери се ЕВТА – организација за средни стручни училишта од Европа, со седиште во Брисел, Белгија, технички универзитет од Порто, Португалија, техничко училиште од Билбао, Шпанија – Политехника Ториери, директорат за средни стручни училиште од Атина, Грција, директорат за средни стручни училишта од Истанбул, Турција и ИТ компанија од Португалија.