СОУ „Ѓорче Петров“ од Крива Паланка е избрано за најбезбедно и најчисто училиште во учебната 2017/2018 година во категоријата на средни училишта.
На јавниот повик распишан од страна на МОН за избор на „Најбезбедно и најчисто училиште“, аплицирале вкупно 15 училишта од кои 11 основни училишта и 4 средни училишта.
Изборот е направен од Комисијата составена од претставници од Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образованието, Центарот за средно образование и обука и Министерството за внатрешни работи.
Избрани „Најбезбедно и најчисто училиште“