На ден 02.02.2023 год. се одржа средба “Учи паметно, работи стручно” на која се дискутираше за реалните потреби од едуцирани кадри, млади луѓе коишто ќе имаат поголеми шанси за вработување по завршување на средното образование и ќе бидат конкурентни на пазарот на труд.
Дуалното стручно образование е концепт што ги учи, обучува и остручува средношколците, преку партнерство помеѓу средните стручни училишта и бизнис секторот.
Најдобар начин за стекнување квалитетно знаење преку пракса е токму ваквиот модел кој со поддршка од МОН успешно се реализира во нашето училиште изминатите години.
Продолжуваме заедно да ги детектираме потребите на пазарот на трудот, да креираме нови партнерства меѓу училиштата и компаниите и да го трасираме патот кон успехот за идните генерации.