Нашето училиште и училиштето Oso Kuka High School од Скадар, Албанија се партнери во програмата Superschools.
#Superschools е програма на #RYCO за училишна размена во Западен Балкан со цел да се поддржи процесот на градење мир и помирување и меѓукултурното учење и дијалог меѓу училиштата, учениците и нивните заедници.
Програмата е кофинансирана од Европската Унија и германското Сојузно Министерство за економска соработка и развој (BMZ) и имплементиран од Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit (GIZ) заедно со Регионална канцеларија за младинска соработка (RYCO).
Проектот придонесува за севкупната цел за зголемување на вештините и знаењата на младите луѓе во Западен Балкан преку унапредување на образовните системи и промовирање на соработката во регионот, преку воспоставување регионална шема за размена на училишта.