На 17.12.2019 година во СОУ Ѓорче Петров – Крива Паланка се одржа Шестата ораторска вечер на која со свои говори настапија осум ученици во натпреварувачкиот дел.
Вечерта ја отвори директорката Габриела Стаменковска, која ги поздрави присутните гости и младите оратори, а на членовите на комисијата им посака успешна работа.
Во ревијалниот дел свое пртеставување имаа два ученика од партнер училиштето за меѓуетничка интеграција ОСТУ Наце Буѓони – Куманово, а за музичкиот дел се погрижи училишниот бенд.
Следуваше прогласување на најдобрите според бодирањето на комисијата:
Градоначаликот на Општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски, и оваа година им додели награди на најдобрите оратори и ја поздрави манифестацијата која ги поддржува и охрабрува младите да говорат на разни теми.
Потоа, своја презентација имаа учениците од угостителско – туристичката струка со прекрасно декорирана и вкусна храна.
Целата ораторска вечер можете да ја проследите на следниот линк: https://youtu.be/_poH9ruBCVI