Група матуранти под менторство на проф. Лиле Стојановска и проф. Елена Трајчевска приредија прекрасен уметнички перформанс за романот „Шагринска кожа“ од Оноре де Балзак.
Премиерно перформансот беше прикажан на кривопаланечката јавност во НУ Центар за култура на 18.05.2022г.
За истиот беше изработен и краток филм со кој учениците се претставија на Образовното рандеву-МАССУМ 2022 во Велес на 06.05.2022. и освоија II место во категоријата: Најдобра драмска претстава.