На 20.12.2021 година во просториите на СОУ „Ѓорче Петров“ – Крива Паланка по седми пат се одржа Ораторска вечер во организација на активот по македонски јазик и литература.
На настанот му претходеше аудиција на која учество зедоа 21 ученик од прва до четврта година.
Наставниците по македонски јазик и литература ги избраа најдобрите осум кои се претставија на финалниот настан и тоа:
И повторно моќни говори пренесени од младите кои никого не оставија рамнодушен. Воздишки, солзи, аплауз, надеж, среќа, тага, замислени лица и што ли уште не побудија ораторите кои оваа година говореа на темата „На што не научи пандемијата…“.
Сите осум оратори се победници на вечерта бидејќи од сите извлековме длабока порака – да го чуваме човештвото и да се радуваме на секој миг поминат со најблиските.
Ораторската вечер има и натпреварувачки карактер и затоа жири комисијата прогласи наградени ученици и тоа:
Директорката Габриела Стаменковска на сите учесници им врачи симболични награди како и дипломи и пофалници за нивното учество.
Традиционално и оваа година Ораторската вечер беше поддржана од Градоначалникот на Крива Паланка – Сашко Митовски кој на прво наградените им додели парични награди.
Во продолжение уште фотографии од настанот кој беше збогатен и со уметнички перформанс во чест на Блаже Конески.