Во понеделник, 07.12.2020 г. се одржа on-line инфо час за матурантите во врска со претстојните активности и начинот на пријавување за државна матура, училишна матура или завршен испит.
На онлајн средбата беа присутни сите членови на Училишната матурска комисија. Секретарот за државна матура – Ивана Станковска и секретарот за училишна матура – Наталија Стојковска преку детална и сеопфатна презентација ги запознаа учениците со видовите матура и начинот на пријавување што ќе им овозможи подготвено и успешно да го заокружат средното образование како и да направат правилен избор за нивниот понатамошен професионален развој.
Дополнително им беа посочени корисни веб страни и ресурси за подобра информираност на учениците.