Проектот „Мотивирани наставници дизајнираат искуства за учење без бариери“ од клучна акција КА101 со реф.број: 2020-1-МК01-КА101-077730, поддржан од НАЕОПМ и финансиран од програмата „Еразмус +“ беше реализиран во периодот од од 07.08-12.08.2022г. Учесниците во проектот, в.д. директорката Елена Ѓорѓиевска, педагогот Славка Величковска и проф. Ивана Станковска имаа можност да го проследат курсот „Сите сме посебни“ – Инклузија и поддршка за учениците со посебни потреби во и надвор од училницата (We are all special: Inclusion and Support for Students with Special Needs in and out of the Classroom), кој се реализираше кај тренинг провајдерот Europass Teacher Academy во Барселона, Шпанија.
Во текот на курсот наставниците имаа можност да ги зајакнат наставните компетенции за работа со ученици со посебни потреби. За време на 30-часовната обука учесниците учеа како да: препознаат ученици со ПОП; корисни совети за справување со различни типови на ПОП; да превенираат изолација и дисруптивно однесување за време на часот; да поттикнат меѓуврсничка поддршка и интеракција за зајакнување на социјалните вештини; да ја поттикнат самодовербата кај учениците и да се справат со стресот и беспомошноста. Освен тоа наставниците работеа во интернационални тимови и подобро се запознаа со шпанската култура.