На 29.01.2021 година во рамки на проектот Bully Free Zone, професорките Ивана Станковска, Елена Ѓорѓиевска и Маријана Милковска заедно со еТвинерите кои работат на проектов реализираа работилница на тема Врсничко насилство.
На работилницата учествуваа и педагогот Славка Величковска и социологот Гордана Стојковска. Се разговараше за видовите насилство, причините и можни начини за заштита. Ова е првиот настан од многуте што се предвидени во ова полугодие. На крај од проектот треба да се изработи интернационален прирачник за заштита од насилство.