Нашите гимназијалци со креативни маски и многу насмевки го одбележаа денот на шегата. Училишната заедница и овојпат организираше едночасовно дружење исполнето со многу забава и хумор!
Учениците се претставија со поединечни и со групни маски. Меѓу нив имаше „Шпил карти“, „Бабички од новото време“ , „Докторки“, „Штрумфови“ , „Молери“, „Султани и Султанки“, „Бизнисменки“ итн.