На 24 Мај – Денот на сесловенските просветители, браќата Св. Кирил и Методиј, денес во Крива Паланка се одржа свечена академија на СОУ „Ѓорче Петров“ на која беа промовирани документарниот филм „СОУ Ѓорче Петров – 60 години постоење“ и монографијата „СОУ Ѓорче Петров – Училиште на XXI век“. Линк од настанот – https://www.youtube.com/watch?v=P0_blsk_wOc
Директорката на училиштето Габриела Стаменковска ги поздрави присутните гости и им посака пријатна вечер. Истакна дека оваа вечер ќе биде вечер на емоции во која секој ќе се присети на најуабавите моменти поминати во средношколсите клупи.
Градоначалникот Борјанчо Мицевски во своето обраќање го истакна значењето на највисоката образовна институција за развојот на општината и на целокупната заедница и истакна дека успесите на кривопаланечките гимназијалци се видливи не само дома туку и надвор од границите на нашата држава.
Во документарниот филм е опфатен период од основање на гимназијата, нејзиниот развој и континуиран напредок во сферата на образованието и воспитувањето. Линк до документарниот филм: https://www.youtube.com/watch?v=56g9wsFl_98&t=9s
Во монографијата се опфатени последните две децении од работата на гимназијата, нејзиниот развој како и постигнувањата на учениците на државно и меѓународно ниво. Линк – монографија: https://www.flipsnack.com/55E6ED66AED/xxi.html
На настанот присуствуваа и вицепремиерот Љупчо Николовски ученик на генерацијата 1998-2002, поранешниот претседател на собранието Тито Петковски, ученик во првата генерација на училиштето, поранешни и сегашни директори, професори, ученици како и соработници на училиштето од бизнис секторот.