Нашите претставнички од женскиот кошаркарски тим кои беа најдобри на државните натпревари и го освоија одличното трето место, во придружба на директорката Елена Ѓорѓиевска и проф. Ведран Белешковски беа на свечено доделување на признанија во Агенцијата за млади и спорт. Истите им беа врачени од страна на Наумче Мојсовски, директор на АМС. Иако нивните очекувања беа повисоки, повредата на најдобрата кошаркарка во тимот, како и отсуството на неколку репрезентативки беа причините за освоената бронза. Но, како што кажа Мојсовски: Да се носи националниот дрес е чест, без разлика дали се настапува во име на училиште, клуб или репрезентација, а вие тоа го направивте гордо.
СОУ „Ѓорче Петров“ се гордее со Вашите успеси. Чекорете смело кон нови победи, а ние секогаш ќе навиваме за Вас!