Те нервира загадениот воздух? Ти пречи што има премногу отпад во училиштето или во твоето маало? Имаш идеја како да направиме нашата околина поздрава и поубава?
Приклучи се на UPSHIFT и претвори ја твојата идеја во вистинско еколошко решение!
ШТО Е UPSHIFT?
UPSHIFT е програма за млади што сакаат да направат разлика во својата заедница. Ќе работиш со твој тим на вистински проблем поврзан со климатски промени, загадување, отпад, енергија или заштита на природата, и ќе добиеш помош да го решиш!
ОД ШТО СЕ СОСТОИ ПРОГРАМАТА?
· Процес на развој на социјални иновации- Одговорниот наставник и назначен ментор ќе ти помогнат да создадеш твоја идеја насочена кон решавање на одреден проблем поврзан со животната средина.
· Натпревар на развиените идеи- Сите развиени идеи ќе бидат презентирани пред жири комисија која ќе избере едно победничко решение. Победничката идеја ќе добие 54,000 денари за да биде реализирана.
· Учество на регионален саем на иновации- Учениците кои победиле на натпреварот со својата идеја, ќе учествуваат на тридневен настан каде што се запознаат со ученици од други училишта и ќе ја претстават својата идеја.
· Реализација на победничката идеја- Учениците кои ја развиле победничката идеја, во период од три месеци, а со поддршка на наставник и ментор, ќе ја реализираат својата идеа во пракса, користејќи ја наградата од 54,000 денари.
ЗОШТО ДА СЕ ПРИЈАВИШ?
· Ќе научиш како да идентификуваш и решаваш еколошки проблеми
· Ќе добиеш поддршка и менторство за твојата идеја
· Ќе се дружиш и работиш во тим со инспиративни врсници
· Ќе научиш креативни и претприемнички вештини
· Ќе бидеш дел од UPSHIFT КЛУБОТ – ученички клуб за одржлива иднина
· Ќе ја направиш својата заедница поздрава и поодговорна кон природата!
КОЈ МОЖЕ ДА УЧЕСТВУВА?
· Ученици од нашето училиште
КАКО ДА СЕ ПРИЈАВИШ?
Пријави се кај наставникот Маријана Милковска или пополни ја формата: https://forms.gle/dZBAswQTLyYyuaUA8
Краен рок за пријавување: 30.09.2025г.