Почитувани ученици,
Ни претставува посебно задоволство да Ве известиме дека во рамките на програмата ЕРАЗМУС +, акција КА102 – мобилност на ученици и вработени/ кадар во стручно образование и обука, поддржано од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, нашето училиште СОУ Ѓорче Петров како координатор и училиштата: ССОУ Наце Буѓони, Куманово и ССОУ Моша Пијаде, Тетово како партнери го добивме проектот Work based learning – Учење преку работа.
За таа цел од нашето училиште се потребни 5 ученици за учество во проектот кои ќе патуваат и ќе реализираат практична работа во Португалија. Учениците кои ќе бидат вклучени во проектот ќе развијат различни вештини вклучувајќи: професионални вештини, социјални и мултикултурни, интеграција во различни средини, одговорности, јазични подобрувања и други вештини и придобивки.
За да се пријавите за учество во проектот, потребно е да доставите CV и мотивациско писмо до следната емаил адреса: stojanovska.dragana@gmail.com
Критериум за избор:
По првата направена селекција согласно критриумите ќе биде спроведено и интервју.
Рокот за доставување на потребните документи е од 28.10.2019 година до 01.11.2019 година.
Ги повикуваме сите заинтересирани ученици за подетални информации да дојдат во четврток на 24.10.2019 г. во 13:15 часот во библиотеката на училиштето на средба со координаторот на проектот Драгана Стојановска.