Почитувани ученици,
Ни претставува посебно задоволство да Ве известиме дека во рамките на програмата ЕРАЗМУС +, акција КА102 – мобилност на ученици и вработени/ кадар во стручно образование и обука, поддржано од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, нашето училиште,под координација на Институтот за развој на заедницата – ИРЗ Тетово, во партнерство со училиштата: ССОУ „Моша Пијаде“ – Тетово, СЕТУ „Михајло Пупин“ – Скопје, ОСТУ „Наце Буѓони“ – Куманово и СУГС „Владо Тасевски“-Скопје, го добивме проектот European competencies – Европски компетенции.
За таа цел од нашето училиште се потребни 5 ученици за учество во проектот кои ќе патуваат и ќе реализираат практична работа во Португалија во jуни 2021 година. Учениците кои ќе бидат вклучени во проектот ќе развијат различни вештини вклучувајќи: професионални вештини, социјални и мултикултурни, интеграција во различни средини, одговорности, јазични подобрувања и други вештини и придобивки.
За да се пријавите за учество во проектот, потребно е да доставите CVи мотивационо писмо до следната емаил адреса:stojanovska.dragana@gmail.com.
Критериум за избор:
По првaта направена селекција согласно критриумите ќе биде спроведено и интервју.
Рокот за доставување на потребните документи е од 01.12.2020 година до 15.12.2020 година.
Директор, Габриела Стаменковска