Почитувани ученици,
Ни претставува посебно задоволство да Ве известиме дека во рамките на програмата ЕРАЗМУС +, клучна акција КА229 – Соработка за иновација и размена на добри практики, поддржана од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, нашето училиште СОУ „Ѓорче Петров“ како партнер и училиштата: GO! atheneum Leuven- Белгија (партнер); Karl Schiller Berufskolleg – Германија (координатор) и 19 High School Elin Pelin- Бугарија (партнер), го добивме проектот Yes Europe III – младите студираат и работат во Европа.
За таа цел од нашето училиште се потребни 5 ученици за учество во проектот кои ќе одат на мобилност во Бугарија во март 2022 година. Учениците кои ќе бидат вклучени во проектот ќе развијат различни вештини вклучувајќи: професионални вештини, социјални и мултикултурни, интеграција во различни средини, одговорности, јазични подобрувања и други вештини и придобивки.
Со цел подобро да се подготвиме за претстојната мобилност, започнуваме со еТвининг проект во месец ноември, а избраните ученици ќе бидат вклучени во реализација на различни активности онлајн.
За да се пријавите за учество во проектот, потребно е да доставите: CV, мотивациско писмо и пополнета пријава (ја подигнувате од училиштето) до следната емаил адреса: proekti.gp@gmail.com
Критериум за избор:
· Ученикот треба да биде мотивиран за работа и дружење
· Ученикот треба да може да патува во странство
· Ученикот да има позитивна препорака од класен раководител/предметен професор
· Да има познавање на англиски јазик (можно е тестирање)
· Ученикот да поседува сертификат за вакцинација
По првата направена селекција согласно критриумите доколку има поголем број заинтересирани кандидати ќе биде спроведено и интервју.
Рокот за доставување на потребните документи е од 19.10.2021 година до 26.10.2021 година.
Ги повикуваме сите заинтересирани ученици за подетални информации да дојдат во вторник на 19.10.2021 г. во 12:30 часот во библиотеката на училиштето на средба со проектниот координатор.