На ден 23.11.2023 г. директорката Елена Ѓорѓиевска со проф. Катерина М. Наковска и учениците Михаела Јанковска од III-5 клас и Филип Стојановски II-2 клас учествуваа на настан во организација на LEAD за презентација на ко-менаџмент тело.
Ученичкото учество гради демократски вредности и капацитети кај учениците, поттикнува активно вклучување на учениците во училишниот живот, гради чувство на припадност, но и чувство на одговорност кон училишните процеси.
Поради тоа, важно е да креираме механизми кои гарантираат учество на учениците во процесите на носење одлуки во училиштата.
Таков механизам е ко-менаџмент телото, модел кoj e создаден во соработка со осум средни училишта од нашата земја меѓу кои е и нашето училиште.
Присутните кои учествуваа на настанот, дадоа свој придонес во развојот на ко-менаџмент телото и на правилникот со кој се регулира работата на ова тело.
На самиот настан беше промовиран креираниот модел на ко-менаџмент тело, а дополнително, преку четири работни групи, присутните имаа можност да дадат свој придонес преку коментари и предлози, со цел зајакнување на овој модел.