Учениците од трета година од општествено-хуманистичко подрачје имаа можност денеска да ја посетат Народната банка на РСМ и нивниот нумизматичкиот музеј.
Целта на посетата беше учениците да се запознаат: каде точно се наоѓа Народната банка; кои се основните функции на Народната банка; што е ценовна стабилност, што е инфлација, а што девалвација; што се пари, зошто се користат и какви пари постојат; каде и како се прават македонските денари; дали може да направиме денари колку што сакаме; кои се обележјата на нашите пари; од кога се воведени македонските денари; зошто треба да се штеди; дали во Народната банка може да се штеди; која е разликата помеѓу Народната банка и комерцијалните банки; зошто се чуваат девизни резерви и кој управува со нив.
Учениците беа во придружба на предметниот професор Маријана Милковска.