Кампањата “Петарди не – безбедност пред сè“, продолжува и оваа година. Само неколку денови не’ делат од Новата година, а нашата порака е се’ погласна и појасна
Стоп за пиротехника!
Во нашето средното училиште успешно беше спроведена кампањата „Стоп за пиротехника“, која имаше за цел подигнување на свеста за опасностите од употребата на пиротехнички средства.
Кампањата ја реализираа:
Д-р Марија и Д-р Ангела, ангажирани од Клиниката за пластична хирургија, со својата експертиза и искуство во третирање на повреди предизвикани од пиротехнички средства;
Претставници на Министерството за внатрешни работи, кои ги информираа учениците за правните последици и ризиците поврзани со употребата на пиротехнички средства.
Оваа иницијатива се спроведува трета година по ред, со голема поддршка од наставниците и учениците. Посебен акцент беше ставен на превенцијата и безбедноста, поттикнувајќи ги младите да ги слават празниците одговорно и безбедно.
Порака до сите ученици: Празниците се време за радост и убави спомени – не дозволувајте пиротехниката да ги уништи!