Од месец ноември започнавме со реализирање на отворени часови по сите наставни предмети. На часовите можат да присуствуваат сите заинтересирани наставници, педагошката служба, се со цел да се разменуваат добри практики и искуства. Ќе настојуваме ваквите отворени часови во иднина да станат пракса.