Активот по македонски јазик при СОУ„Ѓорче Петров“ ја организираше десетттата по ред ораторска вечер во просториите на училиштето. Оваа година учениците се натпреваруваа под мотото: Ние имаме порака… Сакаме да не слушнете! Земаа учество 10 оратори од сите години. Проследивме 10 моќни говори со силна порака и навистина беше тешко да се изберат најдобрите. Прво место освои ученичката Марта Спасовска од IV година, второто место и припадна на Ева Величковска од I година, а трет беше Никола Митовски од III година.