О Г Л А С
I. Во СРЕДНО ОПШТИНСКО УЧИЛИШТЕ „ЃОРЧЕ ПЕТРОВ“ Крива Паланка во прва година ќе се запишат 261 ученици во 9 паралелки со настава на македонски јазик според наставните планови и програми за:
Гимназиско образование – 136 ученици, 4 паралелки, 60 поени минимум мак 136 уч. 4 пар.
Машинска струка – 25 ученици, 1 паралелка
– машински техничар – мак 25 уч. 1 пар. 4 г.тр. 45 поени
*(соработка со компанија ДЕМА- СТИЛ ДОО Крива Паланка)
Електротехничка струка – 25 ученици, 1 паралелка
– електротехничар за компјутерска техника и автоматика мак 25 уч. 1 пар. 4 г.тр. 55 поени минимум
*(соработка со компанија ДЕМА- СТИЛ ДОО Крива Паланка)
Угостителско – туристичка струка – 25 ученици, 1 паралелка
– келнер/слаткар/готвач мак 25 уч. 1 пар. 3 г.тр. 30 поени минимум
*(соработка со компанија ПАРК ГИНОВЦИ ДООЕЛ Ранковце)
Здравствена струка – 25 ученици, 1 паралелка
– медицинска сестра мак 25 уч. 1 пар. 4 г.тр. 70 поени минимум
*(соработка со Медицински центар Крива Паланка)
Градежно –геодетска струка – 25 ученици, 1 паралелка
– градежен техничар 25 уч. 1 пар. 4 г.тр. 45 поени минимум
*(соработка со ЈП Комуналец Крива Паланка и „Хантерс“ ДООЕЛ Скопје)
II. УСЛОВИЗА ЗАПИШУВАЊЕ И КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР НА УЧЕНИЦИТЕ
Запишувањето на учениците во СОУ„ЃОРЧЕ ПЕТРОВ“ Крива Паланка во учебната 2022/2023 година ќе се врши под услови и на начин утврдени со Законот за средното образование, Законот за стручно образование и обука и со овој Конкурс.
Условите за запишување на учениците во прва година се:
-да имаат завршено основно образование;
– да не се постари од 17 години;
– да се определиле за план и програма за еден од следните видови образование:
а) гимназиско образование;
б) стручно образование и обука;
– да ги исполнуваат критериумите утврдени со овој Конкурс.
Критериуми за избор на учениците се:
– среден успех на ученикот од VI до IX одделение;
– среден успех на ученикот постигнат по четири предмети (мајчин јазик, странски јазик и два предмети што се од значење за струката);
– дипломи за освоени (I, II и III) места од меѓународни натпревари, како и државни натпревари (организирани од акредитирани здруженија од Министерство за образование и наука) по мајчин јазик, странски јазик, природни науки, математика, хемија, физика, биологија и географија и наставни предмети што се од значење за струката односно изборното подрачје;
– средна вредност од поени добиени за поведение од VI до IX одделение.
Учениците од ромската етничка заедница можат да се запишат во училиштето ако имаат до 10% помалку поени од бројот на поените предвидени согласно Конкурсот за соодветните наставни планови и програми и ако ги задоволуваат дополнителните критериуми за испит на знаења и вештини во соодветното училиште.
Бесплатен превоз или сместување на учениците кои ќе се запишат во прва година во СОУ Ѓорче Петров Крива Паланка нема да биде обезбеден, ако избраниот вид образование (струка или насока) го има во општината, односно регионот.
Во училиштето ако се пријават поголем број ученици кои ги исполнуваат предвидените услови од планираниот број предвиден во овој конкурс, се организира квалификационо тестирање по наставниот материјал од осмо и деветто одделение по следните наставни предмети и тоа:
– за гимназиско образование – мајчин јазик и математика;
– за здравствена струка – биологија и хемија,
– за другите струки – мајчин јазик и математика.
За средниот успех од VI до IX одделение ученикот може да добие најмногу 50 поени (општиот успех од шесто, седмо, осмо и деветто одделение се собира, се дели на четири и истиот број се множи сокоефициент 10).
За средниот успех постигнат од четирите предложени наставни предмети (два наставни предмети задолжително за сите видови образование и два предмети што се значајни за струката), ученикот може да добие најмногу 20 поени (5 поени за секој предмет).
За освоено место од меѓународни и државни натпревари ученикот може да добие:
– За освоено место од меѓународни натпревари 5 поени
– За освоено место од државни акредитирани натпревари: за I место – 3 поени, за II место – 2поени и за III место – 1 поен.
За средна вредност од поените за поведение од VI до IX одделение, ученикот може да добие најмногу 5 поени. (Примерно поведение се вреднува со 5 поени, добро поведение се вреднува со 3 поени и незадоволително поведение се вреднува со 0 поени. Средната вредност е збир од поените за поведениетоод шесто, седмо, осмо и деветто одделение поделен со 4).
Утврдениот минимум број поени за првото пријавување е составен дел на овој Конкурс.
П Р Е Г Л Е Д
на наставните предмети од основното образование кои се предвидени во критериумите за
рангирање на успехот на учениците
реден број |
1. СТРУЧНО ОБРАЗОВАНИЕ – струка – |
задолжителни наставни предмети |
наставни предмети кои се од значење за струката |
1 | градежно – геодетска | – мајчин јазик – странски јазик |
– математика – физика |
2 | здравствена | – мајчин јазик – странски јазик |
– биологија – хемија |
3 | машинска | – мајчин јазик – странски јазик |
– математика – физика |
4 | угостителско – туристичка | – мајчин јазик – странски јазик |
– биологија – географија |
5 | електротехничка | – мајчин јазик – странски јазик |
математика – физика |
реден број |
2. ГИМНАЗИСКО ОБРАЗОВАНИЕ – подрачје / комбинација – |
задолжителни наставни предмети |
наставни предмети кои се од значење за подрачјето |
1 | природно – математичко подрачје (комбинација А) |
– мајчин јазик – странски јазик |
– математика – физика |
2 | природно – математичко подрачје (комбинација Б) |
– мајчин јазик – странски јазик |
– математика – биологија |
3 | општествено – хуманистичко подрачје (комбинација А) |
– мајчин јазик – странски јазик |
– математика – историја |
4 | општествено – хуманистичко подрачје (комбинација Б) |
– мајчин јазик – странски јазик |
– математика – историја |
5 | јазично – уметничко подрачје (комбинација А) |
– мајчин јазик – странски јазик |
– математика – историја |
6 | јазично – уметничко подрачје (комбинација Б) |
– мајчин јазик – странски јазик |
– математика – историја |
III. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ
По објавувањето на прелиминарната листа, учениците кои се на листата ја доставуваат следната документација:
– пријава за запишување (пријавата за запишување ја изготвува Министерството за образование и наука и ја објавува на официјалната веб страница);
– оригинални свидетелства од VI до IX одделение;
– дипломи, (доколку имаат) од освоени (I, II и III) места од меѓународни и државни натпревари од мајчин јазик, странски јазик, природни науки, математика, хемија, физика, биологија и географија и наставни предмети што се од значење за струката, насоката, односно изборното подрачје;
– извод од матичната книга на родените (без оглед на датумот на издавањето).
IV. КОНКУРСНИ РОКОВИ
Пријавувањето и запишувањето на учениците ќе се врши во еден уписен рок со три пријавувања во месец јуни. Пријавувањето на учениците ќе се врши преку електронско аплицирање, преку линк до порталот за електронски услуги на Министерството за образование и наука https://e-uslugi.mon.gov.mk со специјална најава за средношколци преку сопствените кориснички сметки на Schools.mk.
Првото пријавување на учениците ќе се врши на 14 јуни до 24.00 часот и на 15 јуни 2022 година до15:00 часот. Прелиминарната ранг листа на запишани ученици се објавува на 16 јуни 2022 година на https://e-uslugi.mon.gov.mk и на интернет страната www.mon.gov.mk најдоцна до 09:00 часот.
Доставувањето на потребната документација до училиштето е на 16 јуни од 12.00 до19.00 часот и на 17 јуни од 07.00 часот до 19.00 часот, согласно изготвен распоред од страна на училиштето. Конечната ранглиста за секое училиште со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 18 јуни 2022 година, најдоцна до 12.00 часот на огласната табла на училиштето и на www.mon.gov.mk.
Квалификационото тестирање ќе се организира во училиштето на 20 јуни 2022 година, а конечните ранг листи со резултатите ќе се објават на 20 јуни 2022 година, на огласната табла на училиштето и на www.mon.gov.mk..
Второто пријавување на учениците ќе се врши на 21 јуни до 24.00 часот ина 22 јуни 2022 година до 15:00 часот. Прелиминарната ранг листа на запишани ученици се објавува на 23 јуни 2022 година на https://e-uslugi.mon.gov.mk и на интернет странатаwww.mon.gov.mk најдоцна до 09:00 часот.
Доставувањето на потребната документација до училиштето е на 23 јуни од 12.00 до 19.00 часот и на 24 јуни од 07.00 часот до 19.00 часот, согласно изготвен распоред од страна на училиштето. Конечната ранг листа за секое училиште со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 25 јуни 2022 година, најдоцна до 12.00 часот на огласната табла на училиштето и на www.mon.gov.mk.
Квалификационото тестирање ќе се организира во училиштето на 27 јуни 2022 година, а конечните ранг листи со резултатите ќе се објават на 27 јуни 2022 година, на огласната табла на училиштето и на www.mon.gov.mk.
Третото пријавување на учениците ќе се врши на 28 јуни до 24.00 часот. Прелиминарната ранг листа на запишани ученици се објавува на 29 јуни 2022 година на https://e-uslugi.mon.gov.mk и на интернет страната www.mon.gov.mk најдоцна до09:00 часот. Доставувањето на потребната документација до училиштето е на 29 јуни од 10.00 до 19.00 часот, согласно изготвен распоред од страна на училиштето. Конечната ранг листа за секое училиште со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 30 јуни 2022 година, најдоцна до 12.00 часотна огласната табла на училиштето и на
www.mon.gov.mk.
Учениците кои се упатени на поправни испити, испит на година, испити за побрзо напредување,може да се запишат во училиштата во кои има слободни места после јунскиот рок. Пријавување на учениците ќе се врши на 22 август до 24.00 часот. Прелиминарната ранг листа на запишани ученици сеобјавува на 23 август 2022 година на https://e-uslugi.mon.gov.mk и на интернет страната www.mon.gov.mk најдоцна до 09:00 часот. Доставувањето на потребната документација до училиштето е на 23 август од
10.00 до 19.00 часот, согласно изготвен распоред од страна на училиштето. Конечната ранг листаза секое училиште со резултатите од запишувањето ќе се објави на 24 август 2022 година, најдоцна до 12.00 часот на огласната табла на училиштето и на www.mon.gov.mk.
По објавување на конечната ранг листите со резултатите од запишувањето, учениците кои не се запишани во училиштето, задолжително ја подигнуваат целокупната доставена документација поднесена во училиштето во рок од 24 часа, а училиштата имаат обврска да ја вратат целокупнатадокументација на учениците во рок од 24 часа.
СОУ„Ѓорче Петров“ Крива Паланка
Директор, Габриела Стаменковска