👨🏫👨🚒 На ден 04.12.2025 по годишен план за заштита и евакуација на СОУ ,,Ѓорче Петров”- Крива Паланка се реализираше Тактичко показна вежба за гасење пожар и евакуација на вработените и учениците во училиштето. Вежбата се спроведе во координација со ППЕ Крива Паланка и ОВР Крива Паланка.
ВЕЖБАТА имаше за цел:
– Да се провери подготвеноста на учениците, наставниците и техничкиот персонал за безбедна и брза евакуација
– Да се утврди ефикасноста на постоечките евакуациски патеки и излези.
– Да се обучат вработените за правилно постапување при пожар.
– Да се подобри координацијата помеѓу училиштето и противпожарната службa и другите институции (ОВР, Здравствен Дом, Црвен Крст..)