Михаела Алексовска, нашата најдобра млада кошаркарка за 2021 година доби уште едно големо признание. Предводникот на македонската селекција „Под 16“ години, која лани го освои првото место на ФИБА „Челенџерот“ за млади кошаркарки „Под 16“ години во Тбилиси е поканета да земе учество на еден од најпрестижните кампови во Европа за талентирани кошаркар(к)и, насловен како „Basketball without borders“.
Ние сме горди на Михаела, со која и денес како и секој ден, постојано работиме на подобрување на перформансите, за уште поголеми резултати во иднина, изјави наставникот Ведран Белешковски кој воедно е тренер и претседател на КК Крива Паланка.