Институтот за комуникациски студии од Скопје го организираше осмиот по ред Медиумски ден за средни училишта. Нашето училиште учествуваше по првпат на овој настан. Целта на настанот беше учениците непосредно да се запознаат со улогата на медиумите во општеството, новинарските стандарди како и со начинот на подготовка на информативните содржини во редакциите. Десет новинари од нашиот медиумски клуб Тинтим со проф. Ивана Герасимовска го проследија настанот и ги посетија МРТВ и Радио Моф.