На ден 20.12.2022 година во просториите на СОУ Ѓорче Петров, Крива Паланка се одржа обука за наставници, стручни соработници и раководен кадар на тема „Меѓуврсничко насилство-булинг кај учениците, препознавање и превенирање“.
Обуката ја реализираа проф. д-р Татјана Стојаноска Иванова – доктор по социолошки науки, проф. д-р. Тања Милошевска – доктор по одбрана и безбедност и проф. д-р Софија Георгиевска – психолог, доктор по социјална работа и социјална политика, професори од Филозофски факултет.
Следниве теми беа опфатени на обуката:
Социолошки аспекти на интернет врсничко насилство – начини и мерки на препознавање и превенирање;
Дигитална писменост, форми и превенција на дигитално (сајбер) насилство;
Работа со деца – жртви на насилство, предизвици и перспективи;
Ниту едно дете не заслужува да биде жртва на булинг!