Во организација на фондацијата Best fondation, а во соработка со Американскиот универзитет (AUBG) и Балканскиот академски центар(BAC) во Благоевград, Бугарија, во периодот од 14-16 Март се одржа Balkan voices 2025, меѓународен ораторски натпревар.
Натпреварот има интернационален карактер и е можност за учество на ученици од средните училишта од сите балканските земји. Натпреварот понуди динамичен, забавен и едукативен пристап, организирајќи различни работилници, презентации и квизови, а со цел активно вклучување на сите учесници. Сепак главниот акцент е на двата вида натпревари: Original Oratory & Extemporaneous Speech.
Oваа година 70 средношколци имаа можност да ги покажат своите ораторски вештини на избрана тема. Ова е прво искуство за ученици од СОУ „Ѓорче Петров“ да учествуваат на натпревар од интернационален карактер. Ученичките Марта Спасовска од IV-2, Ангела Илиевска од III1, Ива Давидовска- II1 достојно се претставија себе и нашето училиште. Натпреварот беше можност за учениците да го искажат своето мислење на избрана тема, да ги развијат своите говорни вештини и да разменат искуства со учесниците од други земји. Ученичката Ива Давидовска се пласираше во финалето во категоријата Extemporaneous Speech и го освои 4-то место со говор на темата – What is the future of the Balkans?
Се надеваме дека позитивното искуство ќе го пренесат и на останатите соученици со цел идната година нашето училиште и ученици повторно да бидат дел од Balkan voices натпреварот.
Учениците беа придружувани од директорот на училиштето Елена Ѓорѓиевска и професорот по англиски јазик Билјана М.Михајловска.