По завршувањето на четиригодишно обрзование како Машински техничар вие се оспособувате за следните работни задачи:
- Операторот изработува технолошка документација за монтажа и одржување на машините и уреди, врши прием и ја проучува проектната и конструктивната документација за производство и експлоатацијата на поедини машини и постројки од текстилна, прехрамбена, тутунска, хемиска, металуршка, градежна, рударска и земјоделска индустрија,
- ја разработува технолошката документација за нивна монтажа или за одржување на нивната работа,врши следење на монтажата и поправките спрема пропишаната технологија и ги врши потребните ускладувања на технолошката документација, учествува во решавањето на рекламациите и воведување на новите постапки, иницира мерки за измените во конструктивната и работната документација со цел постигнување на поголема функционалност и безбедност на производот,изработува норматив за времето на монтажата,складира и чува технолошка документација и ја одржува исправноста на приборот за работа,
- изработува оперативни планови за потребните средства и времето за монтажа на новите постројки,лансирање на технолошката и работната документација и следење на извршување на оперативните планови за монтажа и изработување на извештај, планирање и терминирање на тековното одржување и ремонтот на машините и уредите според времето и потребните средства за одржување и ускладување на плановите за одржување на машините и уредите со плановите на произвоството и можностите за снабдување на материјалите,деловите на алатите и другите средства потребни за одржување на машините и уредите.