Во СОУ „Ѓорче Петров“ – Крива Паланка во прва година ќе се запишат 270 ученици во 9 паралелки со настава на македонски јазик според наставните планови и програми за:
I. Гимназиско образование:
136 ученика, 4 паралелки, 60 поени минимум за упис:
- природно-математичко подрачје
- општествено-хуманистичко подрачје
- јазично-уметничко подрачје
II Стручно образование:
1. Здравствена струка:
- медицинска сестра (четиригодишно траење),
34 ученика, 70 поени минимум за упис. Практичната обука ќе се изведува во ЈЗУ ЗДРАВСТВЕН ДОМ „Академик проф. д-р Димитар Арсов“ Крива Паланка.
2. Машинска струка:
- машински техничар (четиригодишно траење),
25 ученика, 45 поени минимум. Практичната обука целосно ќе се изведува во компанија „ДЕМА СТИЛ“ ДОО Крива Паланка (Дуално образование)
- автомеханичар (тригодишно траење), 25 ученика, 30 поени минимум. Практичната обука целосно ќе се изведува во компанија АД „ПРОЛЕТЕР“ Крива Паланка (Дуално образование)
3. Електротехничка струка:
- електротехничар за компјутерска техника и автоматика (четиригодишно траење), 25 ученика, 55 поени минимум. Практичната обука целосно ќе се изведува во компанија „ДЕМА СТИЛ“ ДОО Крива Паланка (Дуално образование)
4. Угостителска струка:
- угостителски техничар (четиригодишно траење), 25 ученика, 45 поени минимум. Практичната обука целосно ќе се изведува во компанија „ПАРК ГИНОВЦИ“ ДООЕЛ Ранковце (Дуално образование)